Правдико

   

Еден починат и 25 нови случаи на коронавирус во земјата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина една пациентка од Лабуништа на возраст од 65 години. Пациентката имала претходни заболувања – коморбидитети: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност.

Што се однесува до пациентката која во неделата наутро почина во болница во Струга, а на која постморум и е земен брис, истиот е позитивен на Ковид-19.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата.  По градови: Скопје- 7, Куманово-7, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Гевгелија -1, Кочани -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува  354 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

Скопје – 183

Куманово – 54

Дебар – 47

Штип – 15

Прилеп – 12

Тетово -13

Струга – 9

Велес – 6

Битола – 4

Охрид – 3

Кавадарци – 2

Гостивар – 1

Гевгелија – 2

Струмица- 1

Крива Паланка – 1

Кочани – 1

Во изминатото дено-ноќие направени се 257 теста, од кои: преку ИЈЗ – 131, преку Ветеринарен факултет – 25, Биотек – 24, Филип Втори (Жан Митрев) – 2.

Досега се направени вкупно 3.775 тестирања на Ковид-19.

Партнери на Правдико