Еден полицаец бдее над безбедноста на 320 граѓани | Правдико

Правдико

   

Еден полицаец бдее над безбедноста на 320 граѓани

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Споредед најновите податоци на ОН и на Евростат, криминалот во Македонија е на ниско рамниште, а бројот на полицајци што се грижат за безбедноста во земјава е помал и од просекот на Европската Унија

08[9]

Светска полицициска статистика

Со еден полициски службеник над 320 граѓани, или 312,5 полицајци на сто илјади жители Македонија е под европскиот просек по бројот на полицајци.
Бројката на полициски службеници во секоја земја, според современите методологии, е статистички врзана со индексот на криминал, велат експертите. Според официјалните статистички мерења на ООН и на Европската статистичка институција – Евростат, Македонија е рангирана во долната граница, што значи има солидна безбедност, а кај некои онлајн статистички веб-страници котираме во златната средина на безбедносните листи.

Индексот на криминал во рамките на просекот

Бројот на полициски службеници зависи од повеќе фактори, а она што кај нас е важно во моментов е постојаното стремење кон квалитет, појаснуваат во Министерството за внатрешни работи.

– Не постојат воспоставени и воединечни стандарди. Бројот на полициски службеници варира од земја во земја во зависност од спецификите, од внатрешно-политичката состојба, од регионот, од безбедносните закани, од уредувањето и слично. Ние во целост ги исполнуваме стандардите, а најважен ни е квалитетот на кадарот. Од тие причини, одливот на кадри гледаме да се пополни со млади и мотивирани луѓе – изјави Иво Котевски, помошник-министер во МВР.
Според неговите кажувања, годинешната бројка на полицајци на сто илјади жители се должи на фактот што имаме просечен криминален индекс и на отцепувањето на противпожарната бригада од структурата на МВР, со која се намалил бројот на вработени.

– Пред шест години, според Евростат, имавме 484,3 полицајци на 100 илјади жители, а годинава имаме 312,5. Па дури и новата единица за јавен ред и мир и интервенции, каде што моментално има 207 пополнети работни места, не ја менува бројката бидејќи тоа се службеници што веќе биле ангажирани во различни сектори на МВР – појасни Котевски.

Русија рекордер по полицајци

Просекот на европските држави за бројот на полициски службеници на 100 илјади жители, според последниот извештај на Евростат е 339. Според нивните истражувања и анализи, најмногу полицајци на 100 илјади жители имала Црна Гора со 842, по неа се Кипар со 664, Шпанија со 508 и Турција со 492. Најмалку имаат скандинавските земји и тоа, Унгарија со 89 полицајци на 100 илјади жители, Финска со 154, Данска со 198 и Шведска со 208.
За разлика од членките на Европската Унија, Русија има најмногу полицајци и тоа 564 на 100 илјади жители, тврди најновиот извештај на УНДОК-ОН. Според нивните показатели, на  на светско ниво, Русија е четврта веднаш по Кина, Индија и Соединетите Американски Држави.

Златна средина

Бројките на онлајн статистичките веб-страници што го бележат криминалот нѐ ставаат во таканаречената златна средина. Според „Нејшнмастер“, македонскиот криминал е на 56-то место од вкупно 93 земји. Од друга страна, според „Нумбео“, од 128 рангирани земји, криминалот во Македонија е пресметан со 41,67 индексен поен и нѐ рангираат на 72-то место. Од регионот, поголем криминал имаат Албанија, Босна и Херцеговина и Грција, а помал криминален индекс имаат Грција, Србија и Хрватска. Рангирањето на страницата е според годинешни и најнови информации од состојбите во криминалот.

Според глобалниот индекс за мир на Институтот за економија и мир, Македонија падна на 79-та позиција, за разлика од претходната година кога беше на 72-то место од вкупно 162 држави. Рангирањето е според параметри за степен на криминал, комуникација и врска со соседните земји, терористички напади, број на самоубиства и слично.
Најмирните земји на светот се Исланд, Данска и Нов Зеланд, а најмирниот континент е Европа. На балканскиот регион, Србија е на 62-то место, Босна и Херцеговина на 71-та позиција, Црна Гора на 73-то место, Хрватска на 28-то, а Словенија е најдобро пласирана од бившите југословенски земји и се наоѓа на 13-та позиција.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико