Правдико

   

Еден убиен и неколку повредени во тепачка помеѓу две семејства во Куманово

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 31.10.2018 година околу 18.30 часот во ПС Куманово било пријавено дека на улица Тоде Мендол во близина на маркет “Арди” по претходно настаната тепачка помеѓу две семејства и тоа Ф.Љ. (19), Д.Љ. (18), Ф.Љ.(61), Х.Љ. (23) и В.Љ. (48) од една страна и М. М. (55), Е.М. (49), М.М. (47), Џ.М. (30), Р.М.(28) и В.М. (57) од друга страна, било пукано од огнено оружје при што В.М. се здобил со повреди и бил пренесен во Ургентен центар во Куманово и потоа во комплексот клиники “Мајка Тереза” во Скопје, каде им подлегнал на повредите. М.М. (55) се здобил со убодна рана од нож, а неколку лица се здобиле со повреди од тврди предмети .

Увид на лице место е извршен од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово. Ф. Љ., Д. Љ. и Ф. Љ. сами се пријавиле во полициска станица, а Х. Љ., Е. М., М. М., Џ. М. и Р. М. се приведени. Во текот на вечерта и осомничениот за убиството В. Љ. се пријавил во полициска станица, каде е задржан за понатамошна постапка. Во соработка со јавното обвинителство се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Престрелката била ескалација на меѓусебните недоразбирања  и  повеќемесечно нетрпение меѓу две семејства. Нивните меѓусебни расправии, како и претходна тепачка со телесни повреди била веќе предмет на постапување на органите на прогонот. Синоќа околу 18.30 часот, припадници на едно од семејствата се движеле по улицата Тоде Мендол во близина на маркетот „Арди“ во Куманово. Во тој момент биле пресретнати од припадници на второто семејство по што започнала физичка пресметка меѓу нив. Во инцидентот било употребено огнено и ладно оружје, а како последица на тоа едно лице се здобило со животно-загрозувачки повреди и починало, а на друго лице му била нанесена убодна рана од нож.

Во тек на увидот, по наредба на  јавен обвинител обезбедени се трагите од лице место и пронајденото ладно оружје и испуканите чаури. Претстои нивно вештачење кое ќе даде потребни податоци и докази за натамошниот тек на кривичната постапка. Издадена е и Наредба за вршење обдукција на починатото лице.

Во моментов деветмина учесници во вооружената престрелка се лишени од слобода. Постои сомнение дека во кривично правниот настан учествувале уште неколку лица.  Во насока на утврдување на фактите во предметот, јавниот обвинител во континуитет презема дејствија.

Партнери на Правдико