Еден загинат во тешка сообраќајка кај Валандово | Правдико

Правдико

   

Еден загинат во тешка сообраќајка кај Валандово

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Еден човек загина во тешката сообраќајна незгода што се случила на патот Нов Дојран – Валандово дваесетина минути пред полноќ во четвртокот, соопшти полицијата.

soobrakajka-valandovo

Имено, во четвртокот, околу 23.40 часот на регионалниот пат Нов Дојран – Валандово, во близина на крстосницата за село Николиќ, се случила сообраќајна незгода во која ПМВ „Голф 3“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.А. (41) од село Фурка, дојранско, удрило во камион влекач „Сканија“ со полуприколка со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.М. (61) од село Стојаково.

Во незгодата на самото место починал Д.А., а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од полицијата од Гевгелија. Телото на починатиот било предадено на семејството за погреб. Сообраќајот бил во прекин од 00.00 до 02.30 часот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико