Правдико

   

Една четвртина од децата низ светот живеат во зони на конфликти или катастрофи

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

09122016090231_web_unicefОколу 535 милиони деца низ светот, или секое четврто дете живее во зони што се зафатени од конфликти или природни катастрофи, информира денеска Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), цитиран од ДПА.

Организацијата предупреди дека овие деца често пати немаат пристап до медицинска нега, образование, храна или заштита и поради тоа се поранливи од болести и насилство.

Над 390 милиони деца, зафатени со вакви критични околности, живеат во Субсахарска Африка, а приближно 65 милиони се изложени на кризите на Блискиот исток.

– Независно од тоа дали децата живеат во земја во конфликт или во мирна земја, нивниот развој е животно важен не само за нивната индивидуална иднина, туку и за иднината на нивното општество, посочува извршниот директор на УНИЦЕФ, Ентони Лејк.

Новите податоци се објавени во предвечерието на 70-годишнината од формирањето на УНИЦЕФ, настан што ќе се одбележи во недела.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико