Една затворска и три условни казни за демонстрантите | Правдико

Правдико

   

Една затворска и три условни казни за демонстрантите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

image-c663555ad79794259bcf59f2c9f6b604e5cc7a9119ca54626db33c45994c47d2-VЧетири лица денеска седнаа на обвинителна клупа во скопскиот Кривичен суд како дел од третата група демонстранти обвинета за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие на протестите пред Владата од 5 мај  годинава пренесува 24 Вести.

Тројца добија условни казни затвор, додека на четвртиот обвинет му се судеше во отсуство. Нему му е изречена една година затвор.

Вчера, двајца демонстранти кои ја признаа вината за истото дело беа ослободедни од притвор. Нив им е одредена условна казна од три месеци затвор која нема да се изврши доколку во период од една година не направат друго кривично дело.

Други двајца, кои не ја признаа вината треба да се појават на ново судско рочиште в петок.

Извор: 24Вести

Партнери на Правдико