Еднакви можности за вработување и за младите во социјален ризик
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Бизнис заедницата треба да ги отвори вратите за младите кои се во социјален ризик и да им понуди еднакви можности за вработување, смета директорката на СОС детското село Јулијана Гапо. Според неа бизнисмените треба да ги отворат вратите за вработување на овие лица бидејќи оваа категорија млади по неколку години ќе стане проблем на државата.
Во моментов статиситките говорат дека има околу 30 000 приматели на социјална помош, но колку од нив се млади нема точна бројка. Заменикот министер за труд и социјална политика вели дека преку огласите за вработување на лица под 29 години акцентот се става токму на оваа категорија но и на примателите на социјална парична помош и ранливите категории кои не се конкурентни на пазарот на трудот.
Младите пак велат дека имаат потреба од мерки кои го вклучува и нивното вработување како единствено егзистенцијално прашање.
Владината програма за вработување на деца без родители се спроведува две години. Досега се вработени 83 лица а во наредните две до три недели според најавите ќе излезе оглас за вработување на уште 30 млади, 15 со средно и 15 со високо образование.
Извор: 24 Вести