Правдико

   

Едно лице ја фатило за уста, а другото ѝ ја одзело ташната

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вчера околу 20:50 часот, две непознати лица ја ограбиле 53-годишната Л.С. од Штип, информира Министерството за внатрешните работи. Настанот се случил пред маркет на улица Љубен Иванов.

mvr_logo

– Додека Л.С. се движела по улицата почнале да ја следат сторителите и во еден момент ја престигнале. Едното лице ја фатило за устата и ѝ се заканило, а другото лице и ја одзело чантата во која имало паричник со околу 250 денари, лична карта и платежна картичка. После тоа сторителите побегнале во непознат правец – се вели во соопштението.

Од МВР информираат дека увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Штип. Дополнително, истакнуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико