Правдико

   

Едно лице обвинето за недозволено поседување оружје и муниција во Скопје

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, во својот дом на улица „Методија Андонов – Ченто“ во Скопје, неовластено држел оружје и муниција: еден пиштол марка „FEG” со калибар 9 мм Para со рамка со 13 куршуми од тој калибар, еден пиштол KEL-TEC CNC INC со калибар 380 Auto со рамка со 5 куршуми, 17 куршуми со калибар 7.5 mmR, 3 куршуми со калибар 7,62 Х 25 мм, како и 105 куршуми со калибар 9 мм Para. Оружјето и муницијата беа пронајдени и одземени при претрес на домот на осомничениот на 29 јули.

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот 22-годишник, бидејќи тој би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.

Партнери на Правдико