Едно лице обвинето затоа што во домот држело муниција | Правдико

Правдико

   

Едно лице обвинето затоа што во домот држело муниција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело  – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

На 23 август, обвинетиот 38-годишен скопјанец, во својот дом во Сингелиќ, неовластено кај себе држел 73 куршуми, од кои 67 парчиња од кинеско и 6 од албанско производство. Куршумите со калибар 7,62Х39 биле наменети за испалување од различни видови репетирачки, полуавтоматски и автоматски огнени оружја.

Надлежниот јавен обвинител достави и Предлог за продолжување на определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, бидејќи ценеше дека и натаму постојат законските основи заради кои оваа мерка првично беше определена.

Препорачуваме

Партнери на Правдико