Едно лице загина на автопатот Велес-Градско | Правдико

Правдико

   

Едно лице загина на автопатот Велес-Градско

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер на автопатот Велес-Градско.

Несреќата се случила околу 23 часот кога на автопатот се судриле два автомобила,  Мазда 626 со велешки регистарски ознаки и патничко возило Цитроен АХ со кумановски регистарски ознаки.

Во незгодата од здобиените повреди на местото починал возачот на возилото цитроен. Со телесни повреди се здобиле  сопатниците од возилото Мазда 626  меѓу кои и 16-годишно момче.

Тие со Итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Велес, а по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико