Еднодневен семинар на тема:„Правна анализа на работењето на друштвата“ | Правдико

Правдико

   

Еднодневен семинар на тема:„Правна анализа на работењето на друштвата“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Стопанската комора на Македонија Ве поканува да земете учество на еднодневен семинар на тема:

„Правна анализа на работењето на друштвата“
Закон за трговски друштва („Службен весник на Република Македонија“, брoj 28/2004, 84/2005, 25/2007, 87/2008, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14 и 41/14 и 138/14 и повеќе други закони)

23.6.2015 година
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Семинарот „Правна анализа на работењетона друштвата“ е дизајниран за сите оние кои што имаат цел да имаат прегледност и длабинска анализа на клучните правни аспекти од работењето на компанијата со цел да можат да донесат правовремена одлука за сите деловни дејствија: било да станува збор за продажба на компанијата, за спојување со друга, за земање кредити и стартување со инвестициска активност.
Анализата обезбедува моментална прегледност и увид на сите правни аспекти од работењето во смисла на изготвување и спроведување на основачките акти и договорите: почувајќи од проверката на основачките акти заедно со сите нивни промени, финасиските договори, особено разните видови договорите со клиентите, банките, деловните сопственички договори и на крајот договорите со вработените и менаџерските договори.

ПРОГРАМА

– ВОВЕД,  ДРУШТВО  (општо за друштво; ДОО историја);
– ФИНАНСИИ,  ДОГОВОРИ (банкарски сметки, ДДВ; заеми, договори за клиенти, видови);
– МАТЕРИЈАЛНИ ДОГОВОРИ, РАБОТНИ ОДНОСИ (тековни договори; останати договори, општ преглед на работни договори; вработени);
– СОПСТВЕНОСТ, ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, ПРАВА ОД ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ (општо за прашањата поврзани со сопственоста; залог, хипотека и гаранции; трговска марка и домејни);
– СОФТВЕР И ХАРДВЕР, ЗАКЛУЧОЦИ – Збир на важни прашања.

ПРИДОБИВКИ ОД СЕМИНАРОТ

Овој семинар им дава можност на учесниците да се запознаат со потребата и структурата на правната анализа на работењето, и тоа:

– Анализата покрај целосниот увид во содржината на договореното и статусот на реализираност во правна смисла обезбедува и тековно следење на промените на законската регулатива и обврските кои произлегуваат од новите права и обврски, а особено следење на обврските во смисла на можното санкционирање доколку навремено не бидат спроведени. Како надградба на правната анализа, добро е да следи финансиско-техничката анализа, за да се комплетира вкупната слика за состојбара во компанијата;

– Процесот на изготвување на анализата е од корист и на купувачот и на продавачот на компанијата: на продавачот му овозможува да биде добро запознаен со ситуацијата на компанијата која се продава и да се спречат „изненадувања”, кои во однос на состојбата на друштвото купувачот би можел да ги изнесе на преговарачка маса; на купувачот на уделот му овозможува да си создаде своја проценка за состојбата и вредноста на друштвото и да донесе исправна одлука за купување. Инвеститорот, пак, мора независно да ги испита и да ги провери сите информации за да се обезбеди максимално;

– Прегледноста и тековното ажурирање на сите правни аспекти само по себе претставува квалитативен фактор во вкупното работење на компаниите. Правната анализа има уште поголемо значење доколку ја изготвуваат надворешни чинители кои се специјализирани во изготвување на овие анализи, како што се консултантски куќи и адвокатски канцеларии, цените за изговување на овие анализи не се големи;
– Научете како да изградите механизам за целосна прегледност на работењето;

– Правната анализа на работењето е своевиден т.н. Due diligence, кој во светот е еден од клучните чекори во процесот на купување на друштвото. Due diligence (длабинската анализа) подразбира проценка на склучување договори од комерцијална, финансиска и правна гледна точка. Терминот е интердисциплинарен.

Целта е подобар увид во различните аспекти на компанијата пред нејзината продажба/аквизиција поради избегнување на неизвесни услови и евентуални спорови.

ОБУКАТА Е НАМЕНЕТA:

– за сопственици на друштва, сите менаџери, раководители и вработените во правните, финансиските, персоналните и сите други сектори кои се задолжени да работат и да водат сметка за тековното и среднорочното работењето на компаниите.

Повеќе информации на следниот ЛИНК

Препорачуваме

Партнери на Правдико