Еднодневен семинар: „Општи одредби и начела на Закон за градежно земјиште" | Правдико

Правдико

   

Еднодневен семинар: „Општи одредби и начела на Закон за градежно земјиште”

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Еднодневен семинар:

„Општи одредби и начела на Закон за градежно земјиште, посебен осврт на постапките за отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп, давање на трајно користење, засновање на стварна службенот и пренесување на право на сопственот на градежно земјиште соптвеност на Република Македонија, практични примери и упатства за водење на постапките преку новиот информационен систем“
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/15, 98/15, 193/15, 226/15, 31/16, 142/16 и 190/16)

 22 март 2017 година  (среда)
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Со Законот за градежно земјиште се уредуваат правата и обврските во поглед на градежното земјиште, уредувањето на градежното земјиште, условите и начинот на располагање со градежното земјиште, како и други прашања од областа на градежното земјиште.

Целта на семинарот е преку практични примери да се разработи новиот начин на водење на постапките преку информацискиот систем за градежно земјиште, како и од практичната примена почнувајќи од 01.08.2016 година да се детектираат предностите и недостатоците од користењето на информацискиот систем.

Програма на семинарот:

• Општите одредби и начела на Законот за градежно земјиште
• Сите правни основи предвидени со Законот за градежно земјиште врз основа на кои физички и правни лица можат да отпочнат   постапки за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба;
• Отпочнување на постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште по пат на јавно наддавање;
• Начин на поднсевуање на барање и водење на постапките за давање на трајно користење, засновање на стварна службенот и   пренесување на право на сопственот на градежно земјиште соптвеност на Република Македонија;
• Начин на регистрација, поднесување на барање со непосредна спогодба, поднесување на пријава за учество на јавно наддавање,   водење на постапките од страна на сите надлежните органи вклучени во постапката;
• Практични примери и случаи кои најчесто се појавуваат како постапки согласно Законот за градежно земјиште;
• Отворени прашања, одговори и дискусија во врска со излагањето на Законот за градежно земјиште.

Предавач:
– Анета Јорданова, дипломиран правник, Раководител на Сектор за документирање и управување со градежно земјиште при Министерството за транспорт и врски.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
– работен материјал;
– ручек и освежување и
– сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување: 20 март 2017 година.

Препорачуваме

Партнери на Правдико