Правдико

   

Еднодневен семинар: Правна природа на договорите за превоз и шпедиција

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Еднодневен семинар на тема:

ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА  И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

30.4.2018 година (понеделник)
10:00-14:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на договорите за превоз на стоки и шпедиција, нивната правна природа, видот на правата и обврските кои произлегуваат од нив и доказите кои се неопходни за разрешување на спорните прашања во текот на судските постапки. Предмет на разгледување ќе бидат одредбите од Законот за облигациони односи кои се заеднички за сите видови договори кои се среќаваат при реализацијата на услугата транспорт на стоки, ќе се анализираат поединечните одредби и ќе се посочи на особената важност на одделни права и обврски на превозникот или шпедитерот, нивната застапеност во споровите од трговското право.

Паралелно за секој од видовите договори ќе се посочат и доказите кои како нужни треба да се приложат кон тужбата или одговорот на тужба при различни основи на побарувања, долг, штета, осигурување.

Ќе им се овозможи на учесниците на семинарот да ги искажат своите гледишта, ставови, проблеми во врска со примената на Законот за облигациони односи и ќе се дадат можни решенија за нивно надминување.

Партнери на Правдико