Правдико

   

Еднодневен семинар: Систематизирање на работни места

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Еднодневен семинар:

СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА

– ЕФИКАСНА КОМУНИКАЦИЈА ВНАТРЕ ВО КОМПАНИЈАТА  И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ –

22.02.2019  година
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Секој вработен поседува знаење, сила, креативност и потенцијал. Овие содржини може да се искористат само ако вработениот е доволно мотивиран. Доколку организацијата има систем и менаџери кои можат да ги мотивираат луѓето во неа ќе се случуваат неверојатни работи и ќе има огромен успех. Мотивираните вработени се подготвени да вложат многу труд, многу енергија, многу посветеност, многу креативност и упорност за да ја постигнат поставената цел. Функционирањето на организацијата е сложен процес, кој опфаќа постојана размена на информации внатре во компанијата заради успешно работење. Свесноста за важноста на овој комуникациски тек е една од важните компоненти за успехот на работењето на компанијата. Доколку линиите на комуникација не се јасно дефинирани, доколку информациите не се пренесуваат целосно и до лицата за кои тие се наменети, ќе се успорува работењето, процесите ќе бидат не ефикасни, ќе се создава внатрешно незадоволство поради неорганизираноста и организацијата нема да биде во кондиција да се носи со сите надворешни предизвици.Лидерството и менаџментот во својата најсуштинска форма се состојат во постојана комуникација со вработените. Раководителите даваат задачи, ги контролираат, ги корегираат и мотивираат вработените, во исто време тие примаат известувања врз основа на кои носат одлуки и кругот продолжува од почеток. Сите овие комуникации мора да бидат брзи, прецизни, точни и во вистинско време. Од внатрешната комуникација зависи успехот на организацијата. Честопати ниту раководителите ниту вработените обрнуваат доволно внимание на овој аспект со што создаваат простор функционирањето на организацијата да биде далеку под капацитетите со кои располага организацијата.

Семинарот ќе ви помогне:

– да ги дознаете инструментите кои овозможуваат подобра интерна директна
комуникација;
– да се разберат условите кои овозможуваат поголема транспарентност во
комуникацијата;
– да разберете зашто треба да се напушти принципот на колективна и да се
профати индивидуална одговорност;
– да ги пронајдете принципите на индивидуално-лично-преземање активности и
носење со одговорностите заради надминување на слабостите;
– да дознаете зошто е потребен сектор за човечки ресурси и како истиот да ја
завршува активноста на вистински начин;
– да дознаете како да се води ефикасна интерна комуникација;
– да дознаете како да ги прифатите и да ги надминете недоследностите;
– да дознаете како да реализирате успешен проток на документи;
– да разберете зошто ИСО Стандардизацијата е неопходна за успешна
комуникација;
– да дознате како да креирате опис и попис на работни места и за што се
потребни;
– да дознаете дали е потребно да водите интерни обуку и за што;
– да дознаете кои се причините за мотивирање на вработените;
– да дознаете кои се начините за мотивирање на вработените;
– да дознаете за очекуваните резултати од мотивираните вработени.

Повеќе информации ТУКА

Партнери на Правдико