Еднодневен семинар за правата кои произлегуваат од работниот однос | Правдико

Правдико

   

Еднодневен семинар за правата кои произлегуваат од работниот однос

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

header_meeting

Институт за бизнис образование КОНЦЕПТ

 Eднодневен семинар на тема:

Работно време, одмори, отсуства и други права, отказ од причина на вина кај работникот, откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред  и дисциплина или работните обврски со отказен и без отказен рок, откажување на договорот за вработување заради економски, организациони, технолошки или слични причини

22 април 2015 година, среда, 10:00-16:00 часот

Цел на обуката:

Обуката се организира со цел обработка на специфичностите од последните измени и дополнувања на Законот за работните односи на Република Македонија.

На крај ќе се води расправа и за прашања кои се од интерес на учесниците. 

Програма:

  • Работно време, одмори, отсуства и други права
  • Посебен осврт на постапката за отказ од причина на вина кај работникот, односно поради прекршување на работниот ред и дисциплина
  • Откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски со отказен рок
  • Откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски без отказен рок
  • Други одредби за давање отказ поради кршење на работната дисциплина
  • Одлука за откажување на договорот за вработување, односно периодот во кој што истата работодавачот треба да ја донесе, член 94 од ЗРО-застареност
  • Oткажување на договорот за вработување заради економски, организациони, технолошки или слични причини од страна на работодавачот- деловни причини
  • Остваррување на правата кај работодавачот и судска заштита, чл.181 од ЗРО 

За кого е наменета обуката:

За претставници од сите трговски друштва кои секојдневно се соочуваат со трудово-правната проблематика, правни сектори, сектори за човечки ресурси, менаџери.

Предавач:

Санде Зиков, судија во Основниот суд Скопје II – Скопје во Одделот за работни спорови. Од 2011 година е определен за Претседател на Одделот за работни спорови во Основниот суд Скопје II – Скопје.

Проблематиката  со која се бави претежно е трудовото право и постапувањето по предметите од работните спорови. Има учествувано на бројни семинари од различни области и тоа од кривичната, граѓанската и извршната област како и на повеќе семинари во организација на Агенцијата за државни службеници. Во 2013 година е избран за постојан едукатор во Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија.

Цената за еден учесник изнесува 5.000 денари плус ДДВ. За секој нареден учесник котизацијата изнесува 3.000 денари плус ДДВ.

Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 20 април 2015 година. 

Сите учесници на семинарот ќе добијат:

  • работен материјал
  • сертификат за учество
  • кафе и освежување
  • закуска

За сите дополнителни информации во врска со обуката слободно контактирајте со:

Бојана Делидинкова, тел. 071 332 043, e-mail: institut.concept@gmail.com

М-р Ленче Зикова, тел. 02 3216 962, e-mail: institut.concept@gmail.com

Препорачуваме

Партнери на Правдико