Едномесечни извештаи за тршошење на буџетот за поголема транспарентност | Правдико

Правдико

   

Едномесечни извештаи за тршошење на буџетот за поголема транспарентност

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

orcamento_base_zero_-_obz_gratuito_1Европската комисија во својот последен извештај за напредокот на Република Македонија, како најголеми проблеми во доменот на економската политика ги наведува влошувањето на квалитетот на трошењето на народните пари од страна на актуелната власт и неговиот придружен елемент, растот на јавниот долг.

Оттаму, една од клучните препораки е значајно зголемување на фискалната транспарентност, како еден од најважните алатки за подобрување на начинот на трошење на народните пари. Недоволната буџетска траспарентоност, некомплетните информации ги прави институциите во Македонија екстрактивни.

Првиот чекор во рушењето на екстрактивните институции е фискалната транспарентност. Фискалната транспарентност е еден од најважните елементи за ефективно управување со јавните финансии. Таа е клучна во градењето на доверба на јавноста во работењето на јавните институции и придонесува за одржливост во спроведувањето на јавните политики. Транспарентноста, исто така претставува прозорец кон буџетското работење на државата, помагајќи ѝ на јавноста да ја повикa власта на одговорност.

Еден од првите чекори за обезбедување на истата, е во законски утврдени временски рамки, објавување на детални податоци за тоа каде се трошат народните пари и како се остваруваат јавните услуги. Од една страна со ова ќе се обезбеди контрола за тоа како власта ги троши парите, а од друга страна пак, ќе ја подобри ефикасноста на трошењето. Фискалната транспарентност треба да ја вклучува власта на сите нивоа, како и друштвата кои се во државна сопственост.

Со предлог измените и дополнувањата на Законот за буџетите во Република Македонија во член 53, насловот се менува во Извештај за извршувањето на буџетите поради потребата за воведување на почест увид на јавноста во начинот на кој се трошат буџетските средства.

Во член 53 во став 1 се уредува известувањето за извршување на буџетот на Р.М. од страна на Буџетските корисници, Единките корисници на буџетот и Фондовите. Се воведува обврска за месечно известување, кое дополнително ќе ги вклучува и превземените, а неплатени обврски заклучно со извештајниот период. Со цел да се обезбеди целосна транспарентност, извештаите за извршување на буџетот треба да бидат придружени од список на сите правни и физички лица (износ и основа за исплата) на кои им се извршила исплата на буџетски средства (со исклучок на примања по основ на пензи и социјална помош). Објавувањето се врши на веб страницата на Министерството за финансии со цел секој граѓанин да има увид. Обврската се однесува и на сите Јавни претпријатија и трговски друштва со доминантна државна сопственост.

Во член 53 во став 2 се уредува обврска за квартално известување на Министерството за финансии на Владата на Р.М. и Собранието на Р.М.

Целиот текст на предлог измените можете да ги превземите ТУКА

Партнери на Правдико