Еднондневен семинар: Измените и дополнувањата на Законот за трговските друштва | Правдико

Правдико

   

Еднондневен семинар: Измените и дополнувањата на Законот за трговските друштва

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА ОД 2015 И 2016 ГОДИНА, НИВНАТА ИНКОРПОРАЦИЈА ВО ОСНОВНИОТ ЗАКОНСКИ ТЕКСТ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ПРАКТИКАТА

17 мај 2016 година (вторник)
10:00-14:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Во рамките на овој семинар предмет од интерес ќе бидат измените и дополнувањата на Законот за трговските друштва направени во 2015 година и 2016 година. Подетално ќе бидат анализирани новините воведени во Законот за трговските друштва во 2015 и 2016 година, нивниот однос со постојните решенија и нивната инкорпорација во Законот. Особено внимание ќе биде посветено и на импликациите кои се очекува овие измени и дополнувања да ги имаат во практиката.

Програма

I. Голема зделка и зделка со заинтересирана страна:
– Проширување на примената на правилата за голема зделка на ДОО;
– Правила за зделка со заинтересирана страна за акционерски друштва чии хартии од вредност котираат на берза;
II. Одредбите кои се однесуваат на основната главнина, нејзино
зголемување и намалување, со посебен осврт на правилата за
трансформација на заем во влог во постапка за зголемување на
основната главнина;
III. Правила за транспарентност и одговорност на органите на управување на акционерските друштва со посебен осврт на правилата за забрана за конкуренција за членовите на органите на истите;
IV. Начин на работа и организација на собрание на акционери:
– Правила за свикување и организација на собрание на акционери;
– Правата на увид и информираност на акционерите како претпоставка за остварување на правото на глас и имотните права;
– Претставување преку полномошник на акционерско собрание;
V. Воведување одредби за друштва каде член е Република Македонија;
VI. Новини во поглед на упис на трговско друштво.

Повеќе информации ТУКА

Партнери на Правдико