Египет: 14 членови на муслиманското братство осудени на смрт | Правдико

Правдико

   

Египет: 14 членови на муслиманското братство осудени на смрт

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Египетскиот суд на смртна казна осуди 14 членови на Муслиманското братство, кои беа меѓу 51 обвинети за потикнување на насилство за време на демонстрациите во Каиро.

Cairo-court-of-justice

Судот во Каиро ја потврди одлуката на Врховниот верски орган, иако таа одлука не беше обврзувачка.

Меѓу осудените е и висок претставник на движењето Ихван, Мохамед Беди. Конечната судска одлука ќе биде соопштена на рочиштето закажано за 11 април.

Околу 50 членови на движењето Ихван се обвинети за потикнување на насилство и предизвикување на трагичниот исход од демонстрациите на плоштадот Рабиа во Каиро. Тие се обвинети и за наводни  напади на државни објекти и институции.

Препорачуваме

Партнери на Правдико