Египет: Најмалку четири лица загинаа, 12 се повредени во експлозија на две бомби | Правдико

Правдико

   

Египет: Најмалку четири лица загинаа, 12 се повредени во експлозија на две бомби

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Најмалку четири лица загинаа, а 12 се повредени во експлозии на две бомби во близина на хотел во египетскиот град Ал-Ариш, најголем на Синајскиот Полуостров, во кој биле сместени судии учесници во избирачкиот процес во земјата, информираа безбедносни и медицински извори.

One-dead-in-Cairo-bomb-blasts-Health-Ministry

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, пренесуваат британските медиуми. Во експлозиите загина еден полицаец, додека двајца судии се ранети.

Државната телевизија и безбедносни извори наведоа дека прво експлодирал автомобил-бомба, а десетина минути подоцна во истата област одекнала и втората експлозија.

Бомбаш-самоубиец се обидел со автомобил бомба да влезе во хотелот пред безбедносните сили да отворат оган врз него, по што автомобилот експлодирал, прецизираа безбедносни извори.

На местото на нападот, околу кој војската и полицијата веќе направиле безбедносен обрач, пристигнале возила на итната помош, информираа безбедносни извори.

До експлозиите доаѓа еден ден по завршувањето на вториот круг од парламентарните избори.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико