Египет уапси активист обвинувајќи го за навреда на претседателот | Правдико

Правдико

   

Египет уапси активист обвинувајќи го за навреда на претседателот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Адвокат за човекови права тврди дека полицијата во Египет уапсила активист кој бил остар критичар на владата обвинувајќи го за навредување на претседателот Абдел-Фатах ал-Сиси.

Фатима Харб, сопругата на Шади ел-Газали Харб,  изјави за „Асошиетед прес“  во вторникот дека обвинителите го повикале нејзиниот сопруг во врска со истрага за случајот на ширење лажни вести и навреда на претседателот, меѓу другите обвиненија.

Таа вели дека обвинителите наредиле негово ослободување со кауција од 50 000 египетски фунти, или околу 2 810 долари, доцна во понеделникот. Таа вели дека парите се платени, но службениците за национална безбедност одбиле да го пуштат дома.

Адвокатот за човекови права, Доаа Мустафа, вели дека не знае каде се наоѓа Хар.

Ова е последниот случај откако владата спроведе остри мерки против опозицијата, што доведе до затворање на десетици илјади дисиденти.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико