Египетската полиција случајно уби 12 туристи | Правдико

Правдико

   

Египетската полиција случајно уби 12 туристи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата во Египет, случајно, во престрелка во пустина уби 12 туристи и нивниот водич, додека 10 лица се ранети.

cxzcxzxzcxc-620x310

Министерството за внатрешни работи соопшти дека до инцидентот дошло „случајно“, откако за комбито во кој биле туристите помислиле дека е возило на џихадисти, кое со голема брзина се движело кон пустината.

Подоцна била ликвидирана и џихадистичката група која била цел на египетската полиција, а која се сомничи за обезглавувањето на Хрватот Томислав Салопек и за вмешаност во атентатот врз главниот египетски обвинител Хишам Баракат, убиен на 29 јуни.

Преживеаните туристи соопштија дека патувале низ пустината во конвој од четири возила, кога биле нападнати, пренесува „Гардијан“.

Во соопштението од египетското МВР се наведува дека истражувале „терористички елементи“ и дека туристите не смееле да бидат во таа област.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико