Египетскиот суд ја отфрли жалбата на поранешниот претседател, Хосни Мубарак | Правдико

Правдико

   

Египетскиот суд ја отфрли жалбата на поранешниот претседател, Хосни Мубарак

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Египетскиот суд во саботата ја отфрли жалбата на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак и неговите двајца синови во врска со обвинението и казната за корупција.

mubarak

Тројцата веќе ја издржаа казната, сепак може да се случи тие да бидат затворени повторно. Од осудените се бара да платат парична казна од 125 милиони египетски фунти (15.960.000 долари), и да вратат 21 милион фунти на државната каса за да ги отплатат јавните средства кои тие ги пренасочиле за лична употреба во текот на владеењето на Мубарак.

Лицата беа осудени во мај на три години затвор без можност за помилување, иако тројцата веќе одлежаа најмалку три години во затвор, како резултат на други обвиненија.

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико