Египетскиот суд одби да даде два острови на Саудиска Арабија | Правдико

Правдико

   

Египетскиот суд одби да даде два острови на Саудиска Арабија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Египетскиот Висок управен суд потврди дека ја поништува одлуката за контроверзното враќање на два острови во Црвеното Море за Саудиска Арабија.

Судиите одлучија дека ненаселените острови Тиран и Санафир се дел од суверената египетската територија, спротивно на она што владата го вети за Саудиска Арабија за време на посетата на кралот Салман минатиот април.

Одлуката веднаш поттикна дебата и протести против режимот на претседателот Абдул Фатах ал Сиси. Одлуката во јуни ја поништи Државниот совет, по што владата поднесе жалба.

Вестите за предавањето на островите беа објавени во време кога Саудиска Арабија се афирмираше како важен партнер на Каиро, која даде милијарди долари за помош и инвестиции, со цел да се зајакне ослабената египетската економија.

Високиот суд ја донесе оваа одлука едногласно, но може да ги влоши односите меѓу Каиро и Ријад, кои беа заладени во последниве неколку месеци, особено во однос на сирискиот конфликт.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико