ЕК: Германскиот минималец за странските камионџии е незаконит | Правдико

Правдико

   

ЕК: Германскиот минималец за странските камионџии е незаконит

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Германскиот закон кој наложува на странските камионџии да им се исплатува германска минималната плата кога минуваат низ Германија, е нелегален, соопшти Европската комисија.

599138_milos-ravic-03-profimedia0035116777_f

“Имплементација на Законот за минимална плата за сите транспортни операции кои се одвиваат на  територијатана германија е во спротивност со Европскиот принцип  на слобода на давање услуги”, се вели во соопштението на Комисијата, а пренесува Ројтерс

Всушност, Германија во јануари оваа година воведе минимална плата од 8,50 € на час, и примена на оваа мерка за сите вработени кои работат во рамките на границите на Германија, без оглед на тоа дали работникот или работодавачот живее во Германија .

Големите издатоци за плати на возачите на камиони ги налути поголемиот дел од европските земји, како што се Полска, Данска и Унгарија, со оглед дека минималната плата во Германија е повисока од приходите на повеќето работници од Полска во транспортниот сектор, кој досега користи ниски трошоци, со цел да се придобие поголем дел од транс-европскиот патен транспорт бизнис.

Германија е единствената земја во Европа која не ги исклучува транзит работниците од нејзиниот закон за минимална плата, а  Берлин сега има два месеци да одговори на одлуката на Европската комисија.

Препорачуваме

Партнери на Правдико