ЕК неделава очекува да продолжи дијалогот на четворицата политички лидери | Правдико

Правдико

   

ЕК неделава очекува да продолжи дијалогот на четворицата политички лидери

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Портпаролката на Хан, Маја Коцијанчич, на повикот на Заев да се реши политичката криза во Македонија за десет дена, инаку ќе се радикализираат протестите на СДСМ, посочи дека официјален Брисел очекува политичките лидери во земјата да се однесуваат одговорно кон граѓаните, пренесува МИА.

033c8d8b-9b52-4661-97e8-1250487a93e6-Evropska-komisija

-Она што можам да го кажам, најверојатно веќе го знаете. Ние продолжуваме да ги повикуваме политичките лидери во Македонија, во интерес на земјата и на граѓаните, итно да најдат одржлив политички компромис и да истапат со конкретен предлог што ќе помогне да се реши, односно да се најде решение за кризата што се уште е во тек, истакна Коцијанчич.

Според информациите од ЕК, неделава се очекува да продолжи дијалогот на четворицата политички лидери во нашата земја (Груевски, Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети) со посредство на амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли.

Доколку се постигне некаков договор, Комисијата ги чека лидерите да се вратат во Брисел, па дури и идната недела истиот да го парафираат во придружба на комесарот Хан.

Во тој поглед, македонскиот вицепремиер за евроинтеграции Фатмир Бесими, утре доаѓа во Брисел и во европската престолнина е планирано да се сретне со комесарот за преговори за проширување, но и со генералниoт секретар на Европската служба за надворешни рбаоти (ЕЕАС), Ален Ле Роа, како и со тројцата европратеници: Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл, кои исто така во име на Унијата први ја започна медијацијата за решавање на политичката криза во Македонија.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико