ЕК: Нема јасни причини за уставни измени
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Треба да се напомене дека во неколку области, документот не обезбедува јасно објаснување за причините за соодветните амандмани, особено точната потреба или проблем кон кој тие се насочени, забележуваат од Европската комисија.
„Особено не постои гап анализа за моменталната состојба, со краток преглед на факторите и поддршка на податоците кои довеле до тоа овие амандмани да бидат предложени. Второ, не сме виделе никакво влијание на проценката која ги идентификува или прогнозира посакуваните ефекти, како и какви дополнителни аранжмани треба да се направат во однос на буџетските и човечките ресурси, за да се постигнат овие ефекти“ се наведува во мислењето од Европската комисија (ЕК).Нормално би очекувале, така значајни амандмани да бидат придружени со нацрт верзии на соодветното примарното законодавство кое ќе биде погодено како резултат на овие измени, се наведува во мислењето на Комисијата.
„Без наведеното, е невозможно да се знае како промените ќе бидат имплементирани во пракса. Според наше мислење, така сеопфатни уставни измени треба да бидат елаборирани во тесна паралела со имплементирачката рамка“ се додава во мислењето на ЕК.
Предложените измени се најдоа и во извештајот на комисијата за напредокот на Македонија во евроинтеграциите
„Пакетот амандмани беше подготвен за краток временски период. Во тек е проценка на неговата усогласеност со Европските акорди и стандарди. Понатаму, било какви измени на уставот мора да сње базираат на широк консензус“ се наведува во извештајот од минатата година.