ЕК сè уште не одлучила дали ќе испрати експерти во Обвинителството | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

ЕК сè уште не одлучила дали ќе испрати експерти во Обвинителството

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Сè уште нема одговор од Европската комисија (ЕК) на поканата на Јавното обвинителство да испрати меѓународни експерти кои би ја следеле работата на обвинителите по предметите за случајот „Пуч  и предметите од аферата „Прислушување“, пренесува „24 Вести“.

maja-kocijancic

Од ЕК потврдиле дека го примиле официјалното барање од македонското јавно обвинителство, но засега немаат повеќе информации.

– Во оваа фаза немам многу што да кажам. Ние примивме писмо, но укажавме што се нашите очекувања и во моментов немам некаква нова информација. Кога ќе имам нешто повеќе, ќе бидам среќна да го споделам – изјавила Маја Коцијанчич, портпаролката на еврокомесарот за претпристапни преговори, Јоханес Хан, пренесува „24 Вести“.

Од Јавното обвинителство поканата за меѓународни експерти да ја надгледуваат работата на обвинителите по предметите „Пуч“ и „Прислушување“, ја објаснија како чекор кој ќе придонесе „кон градење на довербата во независното и самостојно постапување на Јавното обвинителство“.

Вчера од Јавното обвинителство, преку соопштение, информираа дека предметите по кривичните пријави од СДСМ биле распределени за работа на 17 јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје.

Извор: Мета.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико