ЕК: Турција бележи влошување во делот на основните права и владеењето на законот | Правдико

Правдико

   

ЕК: Турција бележи влошување во делот на основните права и владеењето на законот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европската комисија денеска нотираше дека Турција во последната година бележи отстапувања во однос на прашањето на почитувањето на основните права и владеењето на законот.

turcija-eu

Оценката е регистрирана во годишниот извештај на комисијата за напредокот на земјата на патот кон членство во ЕУ.

Во извештајот се посочува дека се забележуваат суштествени недостатоци во правосудниот систем и во областа на слободата на изразување и собирање. Во него се дополнува дека има застој во курдското прашање и се изразува оценка дека мировните преговори задолжително треба да се обноват.

ЕК посочува дека е задржан интензитетот на политичкиот дијалог со Анкара, вклучувајќи ги и прашањата за борбата со тероризмот. Се забалежува дека Турција се приклучила кон меѓународните активности против Исламска држава.

Во извештајот се посочува дека во последната година е забавено темпото на реформи во земјата, а како една од причинате се наведуваат и предвремените избори. Комисијата забележа дека, и покрај овие околности, изборите минале во безбедна атмосфера.

ЕК изразува сериозна загриженост за извршениот притисок врз турските медиуми.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико