ЕК: Загрижени сме поради негативната реторика, ДИК и судовите да продолжат непречено да работат | Правдико

Правдико

   

ЕК: Загрижени сме поради негативната реторика, ДИК и судовите да продолжат непречено да работат

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европската комисија (ЕК) ги нотира прелиминарните резултатите и одлуките кои Државната изборната комисија (ДИК ) ги направи по приговорите, но постои загриженост поради тензиите во последните неколку дена како и поради негативната реторика, велат од ЕК за Макфакс.

eu-znaminja-novo

„ЕК ги нотира прелиминарните резултати и одлуките по приговорите, и сега ги чека одговорите на жалбите. Релевантните државни власти, вклучувајќи ги тука Државната изборна комисија и судовите, треба да работат непречено, слободни од притисоци и политичко мешање. Загрижени сме поради тензиите во последните неколку дена, како и поради негативната реторика. Комисијата ги повикува сите засегнати страни да се однесуваат одговорно и да придонесат за враќањето на довербата на граѓаните во државните институции и демократските процеси“, изјави за Макфакс портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич.

Таа додаде дека ЕК очекува брзо формирање на новиот состав на Парламентот, како и на новата Влада. „Го очекуваме брзото формирање на новиот состав на парламентот и новата влада, како и имплементацијата на реформите неопходни за решавање на системските прашања во поглед на владеењето на правото, исто така преку Итните реформски приоритети и продолжeната имплементација на претходните политички договори. ЕК ќе продолжи да ја поддржува земјата во евроинтеграциите“, порачуваат од Европската комисија.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико