Екатерина Трендафилова именувана за прв претседател на Специјалниот суд на Косово | Правдико

Правдико

   

Екатерина Трендафилова именувана за прв претседател на Специјалниот суд на Косово

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

5600166601_c20b8b3b47_b-696x464Шефицата на Мисијата на ЕУЛЕКС, Александра Пападопулу, во средата ка именуваше др поранешната судијка на Меѓународниот кривичен суд, Екатерина Трендафилова, за претседателка на Специјалните совети на Косово во согласност со мандатот предвиден со Законот за Специјалните совети и Специјалното обвинителство за претседател на новиот специјален суд со седиште во Хаг, пред кој ќе им се суди на поранешните борци на Ослободителната војска на Косово (ОВК).

Пожелувајќи и успех на Трендафилова во спроведувањето на мандатот на Специјалните совети на Косово, Пападопулуповторно ја истакна целосната посветеност на ЕУЛЕКС на споменатите совети во Хаг и придонесот за владеењето на право на Косово, се вели во соопштението на мисијата на Европската унија.

Екатерина Трендафилова, правник и научен работник од Бугарија, судијка во Меѓународниот кривичен суд од 2009 до 2015 година, во средата беше именувана за претседател на Специјализираните совети на Косово, новиот судот со седиште во Хаг, пред кој ќе им се суди на поранешни борци на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВКК – UCK), за воени злосторства извршени за време и по војната од крајот на 1990-тите години.

Трендафилова изјави дека „е почестена“ од назначување на оваа позиција.

„Свесна сум за огромната одговорност дека пред Специјализираните совети треба да се обезбеди примена на најдобрите искуства од судската практика и дека преку фер и непристрасни постапки, треба да се обезбеди правда, како за оние кои се повикани на одговорност, така и на жртвите, на наводно извршените злосторства“, изјави таа.

„Имам намера оваа улога да ја остварам работејќи независно, одлучно и енергично, и со ангажирање на сите свои способности. Апсолутно од клучно значење е да ја оствариме својата задача на ефикасен, професионален и безбеден начин“, додаде таа.

Трендафилова, чиј мандат ќе трае четири години, ќе стапи на функцијата во јануари, а ќе биде одговорна за судската управа на Специјализираните совети. Таа воедно ќе ја врши и функцијата претседателот на панелот судии на Врховниот суд на Специјализираните совети.

Во МКС, Трендафилова беше претседавачки судија на Советот за претходна постапка, во случаите со Уганда, Централноафриканската Република, Кенија, Демократската Република Конго, Судан, Брегот на Слоновата Коска и Мали.

Од јануари, ќе стапи на сила и „договорот со земјата домаќин“, потпишан помеѓу Холандија и Косово, кој дава правна основа за водење на постапките во Холандија.

Пред Специјализираните совети, според најавите, ќе бидат обвинети високи личности на ОВК, за наводни злосторства извршени за време и по војната со српските сили, иако првите обвиненија сѐ уште се чекаат.

Пред него ќе бидат разгледани случаите што произлегуваат од извештајот на Специјалниот истражен тим на ЕУ (SITF) од 2014 година. Во извештајот се наведува дека неименувани претставници на ОВК ќе се соочат со обвиненија за „кампања на прогон“ на Србите, Ромите и Албанците, за кои се веруваlo дека се соработници на српските власти. Наводните злосторства вклучуваат убиства, киднапирање, нелегално затворање и сексуално насилство.

Судот е составен од меѓународни судии и обвинители, а ќе функционира во рамките на законите на Косово. Првите негови активности се очекуваат на почетокот на следната година.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико