Економски активности: Вршење дејност од граѓанска организација
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Прирачникот „Економски активности: Вршење дејност од граѓанска организација“ е наменет за граѓанските организации кои се занимаваат или пак сакаат да започнат да се занимаваат со економски активности. Прирачникот е сочинет од две основни целини. Во првата се дадени кратки одговори на триесетина клучни прашања поврзани со вршењето дејност со која се остваруваат приходи за граѓанските организации. Во вториот дел содржани се подетални информации за сметководствените политики и други поврзани прашања во ситуација кога организацијата се занимава со економски активности согласно ЗЗФ.
Прирачникот „Економски активности: Вршење дејност од граѓанска организација“ е подготвен од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка во рамките на проектот „Овозможувачка правна рамка“. Целта на проектот е создавање овозможувачка околина за ефективно функционирање на граѓанските организации. МЦМС го спроведува проектот во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ), поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА).
Целото издание можете да го превземете ТУКА