Економско-социјален совет: Разгледан ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување | Правдико

Правдико

   

Економско-социјален совет: Разгледан ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На седницата на Економско-социјалниот совет, со која претседаваше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, се разгледуваше ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година.

„Членовите на ЕСС беа информирани за потребата од ревизија на Оперативниот план поради обезбедени дополнителни финансиски средства, како и за реализација на поставените цели предвидени со разните програми и мерки. Со ревизијата се обезбедува поголема активација на младите лица во новите програми, се дава можност за вклучување во програмите на сите невработени лица, а не само на активните баратели на работа, вклучување на граѓанските организации, како и регионален пристап при имплементацијата и вклученоста на повеќе засегнати страни“, се вели во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.

Оттаму додаваат дека со ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година кај одредени програми, врз основа на досегашната имплементација, се направила корекција на бројот на опфатот на лицата, одделни програми се изоставиле и се додале нови програми кои ќе обезбедат вклучување на пазарот на труд претежно млади невработени лица.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико