Ексдиректор на основно училиште во Демир Хисар, незаконски склучил договор со агенција за обезбедување | Правдико

Правдико

   

Ексдиректор на основно училиште во Демир Хисар, незаконски склучил договор со агенција за обезбедување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар поднесе кривична пријава против 51-годишниот Ќ.Р. од село Слепче, демирхисарско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во периодот од 18.02.2016 до 18.02.2017 и во периодот од 02.05.2017 до 31.04.2018, пријавениот, како директор на средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, спротивно на одлуката на Владата од 29.07.2013, склучил договор со агенција за обезбедување за патролно обезбедување на училиштето, со што нанел штета од 58.390 денари на Буџетот на училиштетo.

Исто така, во периодот од март 2016 до 31.12.2018, пријавениот, спротивно на Законот за средно образование, односно без согласност од Министерството за образование, држел настава по предметот историја во наведеното училиште, за што му биле исплаќани дополнителни 3.728 денари во рамките на месечните примања, со што се стекнал со противправна имотна корист од 82.016 денари на штета на Буџетот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико