Ексдиректорот на охридските гробишта си ги присвоил службените телефони и лаптопот | Правдико

Правдико

   

Ексдиректорот на охридските гробишта си ги присвоил службените телефони и лаптопот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Охридската полиција поднесе кривична пријава против З.С. (45) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.

Тој во јануари минатата година, како директор на Јавното претпријатие ,,Градски гробишта”- Охрид, склучил договор со еден мобилен оператор во износ од 120.000 денари како субвенции за јавното претпријатие за купување мобилни телефони и лап топ комјутер. „Тие не биле евидентирани во пописните листи на Јавното претпријатие „Градски гробишта“. По завршувањето на функцијата З.С. мобилните телефони и компјутерот не ги вратил назад во Јавното претпријатие“, соопшти МВР.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико