Ексградоначалникот на Македонски Брод незаконски именувал директори и службеници во општината
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Против поранешниот градоначалник на Македонски Брод Милосим Војнески (59) е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба. За истото дело е поднесена прјава и против Љ.Б.(52) и Г.М.(51) од Македонски Брод.
На 30.10.2006 година ексградоначалникот, без согласност од Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика, ја именувал третопријавената за директорка во Детската градинка ,,7-ми Септември“ – Македонски Брод.
Исто така, во текот на 2016 и 2017 година, ексградоначалникот извршил незаконско именување на двајца раководни административни службеници во општина Македонски Брод. Во текот на 2016 година, второпријавениот, како директор на детската градинка ,„7-ми Септември“ – Македонски Брод, без распишан јавен оглас, ја вработил третопријавената, со што истата, по основ на плати, се стекнала со противправна имотна корист од 1.054.971 денари, додека била предизвикана и дополнителна штета на градинката од 48.840 денари.
Во периодот од 30.10.2006 до 30.04.2008 година, третопријавената, како директор на детската градинка ,,7-ми Септември“ Македонски Брод незаконски вработила две лица. Исто така, во текот на 2007 и 2008 година, третопријавената, и покрај тоа што знаела дека во наведената институција не била во редовен работен однос, депонирала свој потпис во Централен регистар, а потоа врз основа на одлука на Совет на Општина Македонски Брод, ретроактивно ѝ биле исплатени шест плати, со што се стекнала со противправна имотна корист од 101.262 денари.
Извор: Макфакс