Експерти од Светска банка прават анализи ќе понудат различни модели на оданочување | Правдико

Правдико

   

Експерти од Светска банка прават анализи ќе понудат различни модели на оданочување

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Светска банка смета дека Владата оди во добра насока со заложбите за воведување на прогресивен данок, имајќи ги предвид податоците за приходната страна на буџетот.

При презентацијата на редовниот економски извештај за Западен Балкан, на новинарско прашање, дали Светска банка смета дека прагот од 1.000 евра за воведување на прогресивен данок е добар,  директорот на Канцеларијата на Светска банка во Македонија, Марко Мантованели, рече дека тој праг детално треба да се разгледа.

– Министерство за финанасии оди во правилна насока, имајќи ги предвид податоците за приходите денес, но прагот треба дополнително да се разгледа – изјави Мантованели.

Тој додаде дека вкупните приходи се со низок процент на учество во домашниот бруто-производ (БДП).

– Рамниот данок има предности и неповолности, и е поголемо оптоварување за сиромашните – додаде Мантованели.

Според Светска банка, резултатот од рамниот данок врз македонската економија е константно намалување на приходите и поради тоа сме таму каде што сме.

Во 2016 и 2017 година имало намалување на приходната страна, а исклучок бил данокот на добивка на данокот на капитал.

– Има можност за зглемување на оданочувањето на капиталот, данок кој би бил таргетиран, а не да се однесува на општата популација – изјави економистот во канцеларијата на Светска банка во Македонија, Бојан Шимбов.

Во однос на даночните реформи во државата, од Светска банка велат дека тим од експерти од Вашингтон ја разгледуваат даночната политика и ќе понудат различни модели, како и објаснување и како ќе влијаат врз различни групи даночни обврзници.

Студијата наскоро ќе биде објавена од Светска банка и ќе биде презентирана пред јавноста.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико