Експертите од ЕУ почнаа со проценка на штетите од невремето | Правдико

Правдико

   

Експертите од ЕУ почнаа со проценка на штетите од невремето

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

nevreme-24-860x680Експертскиот тим на Европската Унија почна да ги врши проценките на штетите од невремето кое во саботата вечерта го погоди Скопје и околината, информираше денеска евроамбасадорот на ЕУ во земјава, Аиво Орав.

Експертите беа испратени, откако Македонија вчера го активираше Механизмот на ЕУ за цивилна заштита.

 

Тимот покрај проценка на штетите, треба да им даде препораки на властите за цивилна заштита на национално и локално ниво околу санирањето на последиците.

Од Дирекцијата за заштита и спасување денеска соопштија дека откако ќе се добие финалната листа на потреби од страна на надлежните институции ќе се достави дополнително барање до механизмот за цивилна заштита на ЕУ.

Извор: META.mk

Препорачуваме

Партнери на Правдико