Експлозивни направи и куршуми пронајдени во куќа во Куманово
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Две експлозивни направи, детонаторски каписли и куршуми биле пронајдени во куќа во Куманово.
Според информациите на МВР, против И.С.(43) од Куманово е поднесена пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 10. овој месец полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом на улица Среќко Пужалка при што биле пронајдени и одземени две експлозивни направи, две детонаторски каписли и 25 куршуми различен калибар.
Извор: Макфакс