Постапка за експропријација | Правдико

Правдико

   

Постапка за експропријација

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

illistration-019-immo-b4c4d1.Постапката за експропријација е единствената двострана контрадикторна управна постапка, во која странките се рамноправни.

2.Тоа е постапка за која мора да се одржи јавна усна расправа и на која како учесници во постапката мора да се присутни сопственикот на недвижноста од една страна и неговиот противник-предлагачот на експропријација од друга страна.

3. Предлагачи на експропријацијата се Република Македонија преку Државниот правобранител на Република Македонија кога треба да се реализира јавен интерес од значење за Република Македонија или единиците на локалната самоуправа, односно Градот Скопје, кога треба да се реализира јавен интерес од локално значење.

Предлагач на непотполна експропријација (право на службеност и други ограничувања на правото на сопственост) е инвеститорот на линиска инфраструктурна градба.
Со предлогот за експропријација се поднесува:
• Извод од актот за планирање на просторот или одобрен проект за инфраструктура;
• Геодетски елаборат за нумерички податоци за недвижноста за која се предлага експропријација;
• понуда за видот и висината на надоместот за недвижноста за која се предлага експропријација во висина на пазарната вредност утврдена од овластен проценувач согласно Законот за процена;
• имотен лист за недвижноста за која се предлага експропријација
• имотен лист за недвижноста што се нуди како надоместок за експроприраната недвижност и
• доказ за обезбедени средства за надоместок на експроприраната недвижност (известување за планирани средства во буџетот на лицето кое раководи со буџетскиот корисник на средствата од Буџетот на Република Македонија), банкарска гаранција дека јавните претпријатија, трговските друштва и други институции основани од државата имаат обезбедено средства за надоместок, одлука на советот на единицата на локалната самоуправа за резервирани средства за експропријација во буџетот на единицата на локалната самоуправа, односно банкарска гаранција дека концесионерот односно, носителот на долготрајниот закуп и инвеститорот на линиска инфраструктурна градба има обезбедено средства за надоместок.

4.Органот за експропријација (Управата за имотно-правни работи) е орган кој донесува решенија за експропријација врз основа на спроведена постапка во подрачните одделенија за управна постапка, по предлог на овластен предлагач, при што согласно со Законот за експропријација има неутрална улога.

5. Органот за експропријација нема законска можност да влијае на волјата на сопствениците (да ги натера) да го прифатат видот и висината на понудениот надомест од страна на предлагачот на експропријацијата.

6. Вршењето на притисок од страна на органот за експропријација на било кој учесник во постапката (сопственикот или предлагачот) за да постапува во одредена смисла е незаконско и претставува злоупотреба на службената положба и овластувања.

7. Исто така пред Управата за имотно-правни работи, по барање на странките се води и управна постапка за поништување на правосилно решение за експропријација.
• По барање на поранешниот сопственик ќе се поништи правосилното решение за експропријација во целост или делумно, ако во рок од десет години не е реализирана целта за која е извршена експропријација за градење на објекти, односно изведување на работи од значење за Република Македонија, односно 6 години за градење на објекти и изведување на работи од локално значење.

8. Барањето за поништување на правосилното решение за експропријација по тој основ се поднесува по истекот на рокот од 10 години, односно 6 години, но најдоцна до 15 години од денот на правосилноста на решението за експропријација.

9. Во постапката за експропријација и постапката за поништување на решението за експропријација покрај одредбите од Законот за експропријација, супсидијарно се применуваат и одредбите на Законот за општата управна постапка.

Препорачуваме

Партнери на Правдико