Екстерно тестирање: Платите на наставниците ќе се намалуваат или зголемуваат за 15 отсто | Правдико

Правдико

   

Екстерно тестирање: Платите на наставниците ќе се намалуваат или зголемуваат за 15 отсто

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за средното образование, кој е во фаза на подготовка и кој наскоро ќе се најде пред пратениците се врши изменување согласно договорените одредби од Спогодбата помеѓу Министерството за образование и наука и СОНК .

f7150952-eaf6-4a0f-b319-c047c93bb678-1401924262722

Се врши изменување и дополнување на членот 70-a од Законот за средното образование, во кој се регулира наградувањето на наставниците во средните училишта и нивниот кариерен напредок според резултатите од екстерната проверка на знаењата на учениците, како и изменување и дополнување на членовите 104, 109, 109-а, 109-г и членот 110, во кои износите на утврдените глоби значително се намалуваат.

Во иднина се предвидува врз основа на објавениот извештај со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците, 20% од наставниците кај кои има најмали отстапувања во добиените показатели им се зголемува платата за наредната година за 15% од платата што ја примале.

Врз основа на објавениот извештај со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците, 20% од наставниците кај кои има најголеми отстапувања во добиените показатели им се намалува платата за наредната година за 15% од платата што ја примале.

Зголемувањето, односно намалувањето на платите на наставниците согласно објавениот извештај со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците за учебната 2013/2014 година, нема да се применува.

Извор: еМагазин

Препорачуваме

Партнери на Правдико