Екстрадиран поранешниот директор на агрокомбинатот Џумајлија | Правдико

Правдико

   

Екстрадиран поранешниот директор на агрокомбинатот Џумајлија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

135460По две години бегство во Бугарија, бизнисменот и Зоран Даневски вчера беше екстрадиран и префрлен во затворот во Штип. Даневски доби казна од две години затвор, затоа што носел одлуки и земал кредити без знаење и одобрение од собранието на доверители во Агро комбинатот „Џумајлија“.

Против Даневски се водат постапки и за злоупотреба на службената положба и овластување и за затајување на данок при продажба на вино, како и за исчезнувањето на државните резерви за жито, чија вредност се проценува на околу еден милион евра.

И неговиот брат Слободан Даневски доби казна од три години затвор, исто така за злоупотреби во комбинатот Џумајлија, со кој раководеа двајцата браќа. Слободан Даневски беше градоначалник на Свети Николе, а Зоран Даневски директор на ветеринарната управа.

Извор: 24 Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико