Еквадор ќе дозволи сослушување на Асанж од страна на шведските обвинители | Правдико

Правдико

   

Еквадор ќе дозволи сослушување на Асанж од страна на шведските обвинители

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Dzulijan Asanz-sЕквадор ќе им овозможи на шведските обвинители да гo сослушаат основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во својата амбасада во Лондон, каде што живее од јуни 2012 година, се вели во вчерашното соопштение од Министерството за надворешни работи на Еквадор.

Шведските власти сакаат да го сослушаат Асанж, во врска со обвинувањата дека извршил силување во 2010. Тој ги негира обвинувањата.

Асанж избегна можна екстрадиција во Шведска откако доби заштита во амбасадата на Еквадор во Лондон.

“Во наредните недели, ќе биде одреден датумот за сослушување кое ќе се одржи во просториите на Амбасадата на Еквадор во Велика Британија”, се вели во изјавата на Министерството за надворешни работи на Еквадор.

Кон крајот на мај, шведскиот суд ја потврди наредбата за апсење на Асанж, велејќи дека престојот во амбасадата на Еквадор во Лондон не се засметува во одредениот притвор.

Минатата година, Врховниот суд на Шведска ја отфрли жалбата на Асанж за укинување на притворот.

Препорачуваме

Партнери на Правдико