Ел Менчо најопасниот наркобос во светот | Правдико

Правдико

   

Ел Менчо најопасниот наркобос во светот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Мексиканецот Немесио Осегуера Сервантес (52), попознат како Ел Менчо, стана најсилниот и најопасен шеф на наркокартели во светот, според американската организација за борба против мафијата.

Американската ДЕА го прогласи Ел Менчо за „непријател број еден“ и предупреди дека тој има „војска од илјадници лоши момци”.

Според американските медиуми, ловот на Ел Менчо почнал минатата година кога била уапсена Розалинда Гонзалес Валенсија, која била главен сметководител на картелот.

Немесио Осегуера Сервантес има значително криминално минато. Во 2015 година тој ги организирал нападите на паравоените сили против мексиканските безбедносни сили.

Колку и како се вооружените бандитите од неговиот картел покажува и фактот дека тие урнале воен хеликоптер и убиле девет војници.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико