Електричар и дадилка извршиле кражба во домот на скопјанец каде работеле
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца скопјани поради основано сомнение дека сториле кривично дело „кражба“.
Осомничен е 44-годишниот С.С. кој работејќи како електричар од домот каде бил ангажиран во неколку наврати украл предмети во вкупна вредност од околу 25 илјади евра. Во неколку наврати во периодот од мај до ноември минатата година одзел два златни прстени со дијаманти, тенџериња „цептер“ и околу 20 илјади евра.
За разбојништво осомничена е и 51-годишната Ж.Ч, која во истиот дом работела како дадилка, а украла околу 60 илјади денари. Кражбата ја извршила на 13 јули минатата година.
Извор: Нова Македонија