Eлектронски барања за боледување и породилно отсуство | Правдико

Правдико

   

Eлектронски барања за боледување и породилно отсуство

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

fzoВо рамки на месец февруари кој ФЗО го прогласи за месец на електронски услуги, денес презентираме две нови електронски услуги.

1. Електронска услуга за издавање на предлог за комисиско продолжување на боледување (ПСР) и извештајот за спреченост на работа (ИСР).

2. Електронска услуга за поднесување на електронско барање за остварување на надомест за плата, право на боледување и породилно отсуство.

Со првата електронска услуга се овозможува матичните лекари, користејки го порталот на Фондот, да може да издаваат предлог за комисиско продолжување на боледување (ПСР) и извештај за спреченост на работа (ИСР) за своите пациенти, по електронски пат и на тој начин да ги заменат досегашните хартиени обрасци. Бенефит од оваа електронска услуга ќе имаат осигуреници и матичните лекари затоа што се исфрла хартијата од употреба за оваа намена.

Електронски пополнетите барања за предлог за комисиско продолжување на боледување и извештај за спреченост на работа ќе формираат елкетронска база на податоци во Фондот, која ќе им овозможи увид на лекарските комисии во оваа документација. Осигурениците веќе нема потреба да ги носат овие документи во хартиена форма во подрачните служби, туку матичните лекари тоа ќе го прават електронски.

Втората електронска услуга е електронското барање за надомест на плата по основ на боледување и породилни отсуства. Со оваа нова електронска услуга ќе дадеме привилегија и на осигурениците и на овластените лица од фирмите и ќе се замени класичното доаѓање во подрачните служби на Фондот.

За електронското поднесување на надомест на плата овластеното лице од компанијата /осигуреникот треба да биде регистриран на порталот на ФЗОМ и да има овластување од Фондот. Овластувањата за овластените лица на фирмите се на веб страницата каде може да го преземат, поополнат и електронски да се достават во Фондот. http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Files/Obrazec_EL-ZO1.pdf  Законските основи за оставарување на правото на надомест на плата се:

1. Болест и повреда надвор од работа;

2. Повреда на работа и професионално заболување;

3. Лекување и медицинско испитување;

4. Негување на болно дете до тригодишна болест;

5. Негување на болен член на потесно семејство над тригодишна возраст, но најмногу до 30 дена;

6. Неопходно придружување на болно лице упатено на преглед или лекување надвор од местото на живеење;

7. Неопходно придружување на болно дете до тригодишна возраст додека е на болничко лекување, но најмногу до 30 дена;

8. Доброволно давање на крв, ткиво или орган и

9. Изолираност заради спречување на зараза.

 

Партнери на Правдико