Електронски систем за закажување на посети во КПД Идризово | Правдико

Правдико

   

Електронски систем за закажување на посети во КПД Идризово

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

logoБарањето поднесено од страна на Адвокатската комора на Република Македонија, а со цел олеснување на работите со кои се соочуваат адвокатите при секојдневното вршење на адвокатската дејност и тоа конкретно при остварување на правото на адвокатот на посети на осудените и притворените лица, беше прифатено од страна на надлежните институции, согласно известувањето кое ни беше доставено од Управата за извршување на санкции при Министерството за правда на РМ.

Имено, во насока на подобрување на начинот на закажување на посети на осудените лица од страна на адвокатите или семејството, по барање на АКРМ во КПД Идризово е воведен електронски систем на закажување на посетите кои ќе се реализираат секој работен ден во периодот од 09,00– 16,00 часот.

Адвокатите, доколку треба да реализираат посета на осудено лице во КПД Идризово, посетата најпрвин треба да ја закажат  на телефонскиот број: 02/2580-365.

Во тек е договарање на идентичен начин на остварување на правото на посета на притворените лица во Затвор Скопје.

Извор: Адвокатска комора на РМ

Препорачуваме

Партнери на Правдико