Елитна единица на Европол за следење на ИД на социјалните мрежи
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Европски полициски тим бил формиран за да ги следи и блокира профилите на социјалните медиуми, поврзани со терористичката организација Исламска држава (ИД), јавува „Би-Би-Си“.
Според последните истражувања на САД, најмалку 46.000 сметки на „Твитер“ се поврзани со милитантна група, од кои голем дел за регрутирање нови борци на ИД.
Како што пренесува „Би-Би-Си“, се проценува дека стотици илјади твитови поврзани со терористичката група се испраќаат секој ден. Со тоа, истовремено се зголемува и загриженоста за способноста на терористите да регрутираат нови борци од етаблираните муслимански заедници во Европа, што е и главната причина за создавање на оваа елитна полициска единица.
Единицата, која е формирана од Европол, ќе соработува со социјалните медиуми и ќе ги надгледува сметките и профилите за да ги идентификува младите луѓе за кои постои ризик да бидат регрутирани од ИД.
Целта е, исто така, да се најдат и отстранат профилите преку кои милитантната група ја дистрибуира својата пропаганда.
Според процените на Европол, околу 5.000 граѓани на Европската унија во моментот се борат на страната на ИД во Ирак и во Сирија.
Надежите се дека новата единица, која треба да почне со работа следниот месец, ќе ја смени оваа состојба.
Извор: Мета.мк