Правдико

   

ЕП даде зелено светло за визна либерализација на Косово

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европскиот парламент денеска со 420 гласа „за“ го подрржа отворањето преговори за либерализација на визите за граѓаните на Косово. Известувачот за либерализација, пратеничката Тања Фајон, пред почетокот на гласањето рече дека Косово ги исполнило сите услови и ги повика пратениците на ЕП да ја поддржат либерализацијата на визите.

По одлуката на ЕП, треба да почнат разговорите со земјите-членки на Европската Унија за во понатамошна постапка конечно да се изјаснат министрите за внатрешни работи на членките.

Првично беше предвидено гласањето за визната либерализација на Косово да се одржи во октомври, но некои парламентарни групи побараа да се гласа на заседанието во септември, соопшти Одборот на ЕП за граѓански слободи, правосудство и внатрешни работи.

За усвојување на либерализацијата потребно е мнозинство гласови од министрите за внатрешни работи на ЕУ.

Европската комисија на 18 јули оваа година соопшти дека Косово ги исполнило сите 95 услови и ѝ предложи на ЕУ да го либерализира визниот режим за граѓаните на Косово, која е единтвена земја во регионот чии граѓани сè уште не може да патуваат без визи во земјите од Шенген зоната.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико