Правдико

   

ЕП го одби предлогот Унгарецот Трочањи да биде нов комесар за проширување

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европскиот парламент го отфрли предлогот на Урсула фон дер Лајен, Унгарецот Ласло Трочањи да биде нов еврокомесар за проширување и добрососедска политика, поради судир на интереси, пренесе „Танјуг“.

Комисијата гласаше и против романската кандидатка, Рована Плумб.

По ваквата одлука, се очекува реакција од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Негативната одлука за овие двајца кандидати теоретски значи дека тие нема да можат да бидат сослушани од Европскиот парламент и дека од двете земји треба да бидат предложени нови кандидати.

Меѓутоа, со оглед на тоа што ваквата процедура првпат се користи во ЕУ, нејасно е каква позиција ќе заземе претседателката Фон дер Лајен.

Трочањи и Плумб имаат конфликти на интереси кои не им овозможуваат да бидат европски комесари.

Ставот на Комисијата е дека не може да им бидат доделени други портфолија и дека овие двајца кандидати не се способни да ја извршуваат онаа функција.

Се очекува реакцијата на Европската комисија, но, доколку се почитуваат правилата, тогаш Ласло Трочањи и Рована Плумб не можат да ја вршат функцијата комесар.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико